ВИДЕО: Хајдук слета во Скопје, Вукас поведе 20 фудбалери за мечот со Ренова

Хајдук

Фудбалерите на Хајдук Сплит пристигнаа во Скопје, каде в четврток ќе се сретнат со Ренова во рамки од второто коло од квалификациите за Лига Европа.

Хрватскиот гигант доаѓа како изразит фаворит во дуелот со „гипсарите“, кои играат променливо на стартот од новата сезона. Противникот на тетовчани пристигна и беше дочекан од сончево време, какво што се очекува и на утрешната средба на стадионот „Петар Милошевски“.

Тренерот Хари Вукас со себе понесе 20 фудбалери кои денес во 15:30 часот ќе го имаат првиот официјален тренинг на македонско тло.

Натпреварот Ренова - Хајдук Сплит се игра утре, а главен судија ќе биде Португалецот Жоао Пињериа.