Хајдук се засили со нигериски репрезентативец од четири милиони евра

Хрватскиот фудбалски прволигаш Хајдук и официјално соопшти дека во своите редови го донесе нигерискиот репрезентативец Чидози Авазије.

Во последните десетина дена наголемо се шпекулираше за оваа зделка, а сега и дефинитивно е потврдено дека 25-годишниот дефанзивец од португалска Боависта се сели во Сплит. Авазије во Хајдук ќе настапува како позајмен фудбалер, со што следната година хрватскиот клуб ќе има право да го купи за сума од четири милиони евра, колку што е неговата вредност на пазарот.

Интересно е што на почетокот на летото исто така од Боависта, Хајдук го доведе стоперот Тони Боревковиќ, па така го комплетираше дефанзивниот тандем од ист клуб.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.