• Зоран Мишевски
Очигледно фудбалерите на Хајдук ја сфатија пораката по европскиот дебакл и нанижаа две победи во шампионатот на Хрватска. Со Буриќ на клупата „белите“ славеа на теренот во Вараждин со 0-3 (0-0).
Со перфектно второ полувреме Далматинците го „скршија“ домаќинот и со головите на Долцек, Чакташ од пенал и Едуок запиша триумф со три гола разлика.
Максимален учинок по две кола имаат уште Ријека и Динамо Загреб. Првакот од главниот град, воден од Ненад Бјелица и капитенот Аријан Адеми, триумфираше во Копривница со 0-3 со головите Петковиќ, Атиемвјен и Николо Моро. Ријека во Загреб впиша значаен триумф од 0-1 против Локомотив со голот на Чолак, Дарко Велковски не доби шанса за настап.
- Вараждин - Хајдук 0-3:
- Славен Белупо - Динамо Загреб 0-3:
- Локомотив Загреб - Ријека 0-1:
Во следното трето коло Динамо и Хајдук како домаќини се големи фаворити против Горица и Локомотив Москва.