ВИДЕО: Хајдук се разбуди, Дамир Буриќ дебитираше со победа во ХНЛ

По катастрофата и испаѓањето од Лигата на Европа уште во првото коло од квалификациите, Хајдук со новиот тренер со победа стартуваше во шампионатот на Хрватска. „Белите“ од клупата ги водеше Дамир Буриќ и во последниот натпревар од првото коло извојува победа против Истра 1961 од Пула со 2-0 (1-0).

Гледачите пак ги поддржаа своите миленици, иако ни приближно не го наполнија „Пољуд“ како што доликува. Стефан Симиќ во осмата минута со ран гол им ја олесни работата на Далматинците.

Бери Хамза на две минути до крајот ги разреши дилемите и ја потврди победата.

  • Извештај од натпреварот: 

Во второто коло веќе следниот викенд Хајдук гостува во Вараждин, а дербито во Копривница го играат Славен Белупо на Музафер Ејупи и Динамо на Аријан Адеми.