Хајдук се „лизна“ кај Локомотива и со реми ја отвори новата ХНЛ-сезона

Хајдук

По стапките на Динамо Загреб, екипата на Хајдук Сплит направи кикс на гостувањето кај Локомотива Загреб (2-2) на почетокот од новата сезона во ХНЛ лигата.

Фаворитот имаше иницијатива од самиот почеток и ја круниса преку Јан Млакар. На тоа домашните фудбалери одговорија со два гола и пресврт.

Пред крајот на првото полувреме погоди Никола Солдо, а пет минути подоцна, на стартот од вториот дел, за 2-1 реализира Марко Дабро.

За да избегне пораз гостите притиснаа и добија награда. Вториот гол одново го запиша Млакар, кој беше најдобар поединец на мечот.

Вчера Динамо Загреб стартуваше со домашен пораз од Славен Белупо.