• Мартин Танасковски

Славниот хрватски клуб Хајдук Сплит повторно е на победнички стази и се радува на трофеј. Популарните „били“ во финалето од Купот на Хрватска беа подобри од Риејка (3-1) и по долго време донесоа нова титула во своите витрини.
Девет години тимот од Сплит немаше титула и беше во сенка на останатите. Последниот трофеј им беше токму во Купот на Хрватска, во сезоната 2012/13, а оттогаш владееше суша додека на тронот претежно стоеше Динамо Загреб. Овој пат, „модрите“ не беа конкуренти, па во спектакуларно финале падна Ријека.
Неверојатна атмосфера имаше на „Пољуд“, иако мечот го одбележаа неколку прекини поради инциденти на трибините. Во 13. минута Ријека успеа да поведе преку Дрмиќ, но потоа следеше пресврт. Најпрво, Феро во 24. минута донесе 1-1, па потоа на сцена стапи Мелњак кој беше двоен стрелец за голема Куп-титула во Сплит.
- Извештај од натпреварот:
Дарко Велковски на овој меч беше стартер за Ријека и одигра цели 90 минути, додека Јани Атанасов за Хајдук не доби минутажа и остана на клупата за резерви. За Хајдук ова беше седма титула во Купот на Хрватска во историјата.