ВИДЕО: Хајдук по европскиот дебакл, запиша прва победа во домашниот шампионат

Екипата на Хајдук успеа да победи со 1-0 (1-0), во натпреварот од третото коло на Хрватската прва лига против Шибеник

Сплитските „били“, по европскиот дебакл и пораз од Тобол во квалификациите за Конференциската лига, успеаја да запишат прво домашно славје. Македонскиот интернационалец Јани Атанасов остана на клупата за резервни играчи и не доби минутажа во оваа победа на Хајдук. 

Шибеник не беше сериозен тест за домаќинот на „Пољуд“. Хајдук доминираше уште од стартот, а резултатот го отвори нигеријскиот напаѓач Самуел Едуок по 27. минути игра. Гостинската екипа немаше сили да се врати во натпреварот, не беше ниту претерано опасна и заслужено загуби во Сплит. 

Хајдук имаше турбулентен старт на сезоната и по три кола има по една победа, нерешен резултат и пораз, а со четири бода се наоѓа на седмото место во ХНЛ