ВИДЕО: Хајдук пак му зеде скалп на Динамо Загреб, „БББ“ со факели го гаѓаа Ракитиќ!

Фудбалерите на Хајдук и во второто овосезонско соочување извојуваа победа против големиот ривал Динамо Загреб, откако вечерва на „Пољуд“ славеа со минимални 1-0. Со ист резултат заврши и првото дерби во Загреб, а со овие три бода Хајдук веќе победна на седум бода во однос на Динамо на првенствената табела.

  • Извештај од натпреварот:

Атмосферата на стадионот во Сплит беше за чиста десетка, и двете навивачки групи приредија вистински спектакл на трибините, но имаше и еден инцидент, откако приврзаниците на Динамо Загреб со факели го гаѓаа Ракитиќ, кој изведуваше удар од аголот. За среќа поранешниот ас на Барселона и Севиља не беше погоден, иако на теренот летнаа десетина факели.

На теренот, пак, се водеше голема битка, но квалитетот изостана. Клучниот момент на дербито се случи во 54. минута, кога Сигур го совлада Загорац и донесе огромна радост на трибините и победа на својот тим.

Гостите натпреварот го заврши со играч помалку, откако Рог во финишот доби црвен картон. Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски како капитен го одигра целиот натпревар, додека Адеми остана на клупата за резерви. 

Состави

Џенаро Гатузо

4-4-2

    Фабио Канаваро

    4-4-2