Хајдук не се реши за Ангеловски, Литванец е нов тренер на Јани Атанасов

Литванскиот стручњак Валдас Дамбраускас е нов предводник на Хајдук од Сплит, откако клубот му врачи отказ на Густафсон. 

Иако во комбинација за клупата на екипата во која игра македонскиот интернационалец Јани Атанасов, беше и Игор Ангеловски, популарните „били“ се решија за Литванецот. Поранешниот селектор на Македонија беше најавен како една од најреалните опции, ама Дамбраускас ќе се врати во хрватското првенство. 

Дамбраускас сезоната ја започна во Лудогорец, но доби отказ во септември по пораз од Црвена Звезда во Лигата на Европа. Сега, Литванецот се враќа во Хрватска и потпиша договор до 2024 година. Претходно во ХНЛ, Дамбраускас ја предводеше екипата на Горица.