• Мартин Танасковски

Актуелна е приказната за Един Џеко и негов трансфер во Хајдук Сплит од Фенербахче, а турските новинари открија интересен податок доколку дојде до соработка на двете страни.
Босанецот е мета на звучното фудбалско име од Хрватска, но има конкуренција од Саудиска Арабија. Жозе Мурињо не смета на Џеко за следната сезона, иако постои можност тој да остане во Фенербахче и да биде втора опција.
Турските медиуми открија детали од преговорите. Ако Џеко ја прифати понудата од Хајдук, ќе биде најплатен играч во ХНЛ-лигата. Во Фенербахче тој добива 4,2 милиони евра по сезона, но за да дојде до Хајдук ќе мора да прифати помали услови, кои, сепак, ќе бидат најголеми во лигата. Сплитќани му нудат два милиони евра по сезона на Џеко.
Доколку Џеко ја прифати понудата на Хајдук, ќе биде повеќе платен од Марко Ливаја, Бруно Петковиќ, Марко Пјаца...