• Горан Упале
Фановите на хрватскиот клупски фудбал, особено оние на Динамо Загреб и Хајдук, не чекаа долго на првото овосезонско соочување на „вечните“ ривали. „Максимир“ беше домаќин на првото големо дерби во ХНЛ, на кое домашните фудбалери со наведнати глави го напуштија теренот, бидејќи загубија со минимални 0-1 (0-0).
- Извештај од натпреварот:
Како и секое претходно дерби меѓу Динамо и Хајдук, така и вечерва на теренот се водеше голема фудбалска битка, во која овој пат подобро се снајдоа момците на Џенаро Гатузо. Фудбалерите на Хајдук не потклекнаа и покрај секојдневните скандали кои го „тресат“ клубот, предизвикани од заминувањата на Перишиќ и Калиниќ, како и недоразбирањата на релација тренер – раководство. Тие вечерва успеаја да ги остават сите тие проблеми на страна и да ги израдуваат своите фанови со голем триумф и значајни три бода на своето конто.
Човек на одлука на „вечното“ дерби беше легендата на великанот од Сплит, Марко Ливаја. Искусниот центарфор одново ја покажа својата класа и со петтиот погодок оваа сезона во 70. минута го постигна единствениот погодок на натпреварот.
Во таборот на Динамо Загреб од првата минута истрчаа поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Дефанзивецот заработи жолт картон и го одигра целиот натпревар, додека Адеми беше заменет по еден час игра.