ВИДЕО: Хајдук „гази“ во ХНЛ и го следи чекорот со првакот Динамо

Со три гола во интервал од 17 минути сплитски Хајдук го скрши отпорот на Локомотива од Загреб и го следи шампионот Динамо Загреб на врвот на табечата во Хрватскиот фудбалски шампионат. Мрежата на гостите од Загреб ја начна Чакташ, а ја продолжија Едуок и Нејасмиќ.

Домашен триумф запиша и Осијек, кој во „Љутски врт“ го совлада Интер Запрешиќ со 3-1. 

  • Осијек - Интер Запрешиќ со 3-1:

Три екипи со максимални девет бода се на врвот на табелата. Динамо, Хајдук и Ријека. Во следното четврто коло дерби дуелот ќе го одиграат Осијек и Динамо Загреб.