Хајдук без двајца фудбалери доаѓа кај Ренова

Сплитски Хајдук замина за Скопје каде ќе го игра натпреварот против Ренова во рамки на 2. квалификациска рунда од Лигата на Европа.

„Билите“ важат за благи фаворити на оваа средба, но се претпазливи поради добриот меч на Ренова со Алашкерт. Тренерот Хари Вукас на гостувањето во Македонија нема да може да смета на двајца играчи - Стефан Симиќ и Тони Теклиќ кои се повредени.

Дуелот меѓу Ренова и Хајдук се игра в четврток од 15:30 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.