ВИДЕО: Хајденхајм сонува опстанок, Лајпциг си го уништи планот за ЛШ

Екипата на Хајденхајм се избори за важна победа во трката за опстанок во Бундеслигата и славеше со убедливи 0-3 (0-1) на гостувањето кај Унион Берлин во натпреварот од 33. коло.

  • Унион Берлин - Хајденхајм 0-3:

Гостите беа мотивирани за успех и тоа го докажаа со водството по првите 45 минути, а стрелец на првиот гол беше Адриан Бек. Предноста беше удвоена во 56. минута кога стрелаше Јан Шопнер, а конечните 0-3 беа поставени со вториот погодок на Бек, кој погоди на 17 минути до крајот на регуларното време. 

Хајденхајм е прв во опасната зона со два бода помалку од Сент Паули, но уште има теоретски шанси да го задржи елитниот статус или да обезбеди плеј-оф за опстанок во Бундеслигата.

Мајнц немаше проблеми со веќе испаднатиот Бохум и победи со конечни 1-4, Фрајбург славеше со 1-2 на гостувањето кај Холштајн Кил, а РБ Лајпциг не го совлада Вердер Бремен и ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите, но ќе има можност да игра во Лига Европа или во Конференциската лига.