• Саше Љолес

Екипата на Унион Берлин го пречека составот на Хајденхајм во 23. коло од германската Бундеслига и ремизираше со конечен резултат 2-2 (2-1). Домашните фудбалери силно ја посакуваа третата победа во низа, но Хајденхајм одигра одлично во вториот дел и заслужено освои бод од ова гостување.
- Унион Берлин - Хајденхajм 2-2:
Првото полувреме започна во одличен и динамичен ритам. Австриецот Никола Доведан многу бргу ги доведе гостите во водство од 0-1 и стрелаше уште во третата минута, но до крајот на полувремето Унион Берлин успеа да го сврти резултатот во своја полза. Двата гола дојдоа во самиот финиш, а стрелци беа Робин Госенс и Андрас Шафер. Тимот од германската престолнина водеше со 2-1 на полувремето.
Хајденхајм во вториот дел покажа зошто се наоѓа на средината на табелата и го притисна домаќинот, а Унион се обидуваше да создава прилики повеќе преку контра напади. Домашните потоа повеќе ја држеа топката, но Хајденхајм создаде поконкретни шанси и успеа да дојде до израмнување, а овој пат стелец беше Јан-Никлас Бесте, кој стрелаше прецизно во 71. минута и ги постави конечните 2-2. Унион Берлин ја прекина низата од две бундеслигашки победи, додека гостинскиот тим стигна до 28 бода, доволни за деветтата позиција на табелата.
На останатите натпревари во истиот термин, Штутгарт ремизираше против Келн со конечни 1-1, додека Вердер Бремен не ја оправда фаворитската улога и на домашен терен одигра со истиот резултат против последнопласираниот Дармштадт.
- Борхсија Менхенгладбах - Бохум 5-2:
Единствената победа попладнево ја извојува Борусија Менхенгладбах, која со 5-2 го совлада Бохум.