• Иван Димовски
Хаити испрати сериозно предупредување пред настапот на Светското првенство, откако во контролен натпревар убедливо го совлада Нов Зеланд со 4-0 (1-0).
- Извештај од натпреварот:
Пријателската средба во Форт Лодердејл започна со половина час задоцнување поради невреме и опасност од удари од гром, но тоа не ги попречи фудбалерите на Хаити да прикажат одлична игра и целосно да го надиграат својот ривал.
Тимот од Хаити поведе по одлична акција во која асистираше Исидор, а стрелец беше Провиденс. Во второто полувреме клучна улога одигра Пиерот, кој прво му намести гол на Џозеф за 2-0, а потоа и самиот се запиша меѓу стрелците за убедливи 3-0. Конечниот резултат го постави Лакроа, ставајќи печат на импресивната победа на својата репрезентација.
И двете селекции ќе настапат на претстојниот Мундијал, но со различни амбиции. Нов Зеланд се наоѓа во група со Белгија, Египет и Иран и ќе се надева на место во нокаут фазата, додека Хаити го очекува многу потешка задача против Бразил, Мароко и Шкотска.













