Хаџиевски со неверојатен пресврт: Губеше 1-3 до 89. минута, амa – победи!

Македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски заедно со Коки Аврамовски и Филип Деспотовски работат во Емирејтс Клуб во Обединетите Арапски Емирати и бележат големи успеси. Квалитетот на тимот се покажа во последниот меч, во кој имаше неверојатен пресврт.

Емирејтс Клуб во дуелот со Ал-Араби победи со 4-3 (1-0), по неверојатен пресврт во последните минути. Резултатот на средбата гласеше 1-3, се до 89. минута.

Од 89. минута, па до 99. минута додека се играше мечот, тимот на Хаџиевски успеа да даде три гола за триумф. Победата добива на тежина ако се земе предвид дека е извојувана и со црвен картон.

Емирејтс Клуб е лидер во второлигашкото друштво во ОАЕ и по 12 кола не знае за пораз. Има девет победи и три нерешени средби.