ВИДЕО: Хаџ-Муса со ефектен гол ги израдува Алжирците во Ротердам

Алжир приреди изненадување во Ротердам и ја совлада Холандија со 0-1 (0-0) во пријателски натпревар кој се одигра на „Де Кујп“. Сепак, гостинот имаше огромна поддршка од трибините и навивачите на африканската селекција на крајот славеа победа.

Херој на гостите беше Хаџ-Муса, кој во 86. минута постигна прекрасен погодок и ѝ го донесе триумфот на својата селекција.

И покрај тоа што Холанѓаните имаа повеќе од играта и создадоа неколку добри можности преку Мален, Гакпо, Реијндерс и Депај, не успеаја да ја затресат мрежата. За „лалињата“ ова е прв пораз во регуларни 90 минути по речиси две години.

Во Варшава, Полска и Нигерија одиграа возбудлив натпревар кој заврши без победник, 2-2. Нигеријците двапати водеа преку Мофи и Онуачу, но домаќините се враќаа во игра со головите на Потулски и Вишњевски, кој погоди во судиското продолжение за конечните 2-2.

Минимална гостинска победа забележа подмладената Италија кај Луксембург (0-1), а единствен стрелец беше Пио Еспозито.Без голови заврши дуелот меѓу ДР Конго и Данска, кои ремизираа 0-0 на пријателскиот натпревар одигран во Лиеж.