Гжелак: Направивме доволно за победа, сега знаеме што да очекуваме од Шкендија

Бартош

Ферхан Хасани погоди во првата минута и донесе рана предност за Шкендија, која потоа прими погодок и се задоволи со нерешен резултат на гостувањето кај АИК во квалификациите за Конференциската лига.

Македонскиот претставник ќе има предност да игра на домашен терен на реваншот. Противничкиот тренер Бартош Гжелак по натпреварот го кажа следното:

„Знаевме дека ова ќе биде тежок меч. Се соочивме со екипа која има големо искуство во европските натпревари. Жално е што по толку кратко време се најдовме во негатива. Но, добро беше што израмнивме на експресен начин. Тоа може да биде важен гол на крајот од двомечот. Создадовме доволно за да победиме. Штета е што не успеавме, но сега знаеме што нè чека на реваншот. Напаѓачката игра не ја развивме на оваа средба. Не сакам да се оправдувам, но тешко е да се игра со топка на ваков терен. Топката скокаше и отскокнуваше.

Мислам дека голот што го постигнавме е одличен пред вториот дуел. И сега подобро го запознавме противникот. Ова ќе го анализираме до следната недела. Сигурно има многу што можеме да направиме подобро“.

Конечниот победник од овој двомеч ќе биде познат по реваншот наредната недела во Скопје