Гвардиола го правда Сари: Сигурно не ме виде, затоа не се поздрави со мене...

Пеп Гвардиола, стратегот на Манчестер Сити, ја коментираше постапката на Маурисио Сари да не се поздрави со него по натпреварот меѓу „граѓаните“ и Челзи кој заврши со убедлив триумф на домаќините (6-0).

По дебаклот на „Итихад“, Сари веднаш избега во соблекувалната, а Пеп остана со испружена рака. По дуелот, Шпанецот истакна дека тој е во добри односи со Сари и нема зошто Италијанецот да не го поздрави.

„Сигурно не ме виде. Затоа не се поздрави. Ние имаме добар однос. Немаме проблеми. Не гледам причина зошто да не се поздравиме. Во првата сезона во Англија секогаш е многу тешко. Знам како му е на Сари“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити со големата победа над Челзи продолжува да ја води борбата за титулата со Ливерпул.