Гвардиола: Вратата на Барселона ми е затворена

Очигледно Пеп Гвардиола само уште една сезона ќе го води Манчестер Сити. Договорот на шпанскиот тренер со англискиот клуб истекува во летото 2025 година, а се шпекулира дека би можел да се врати во Барселона.

Колку и да сакаат навивачите, шпанскиот тренер беше многу јасен дека тоа нема да се случи.

„Вратата на Барселона ми е затворена, сега сме постари“, изјави Пеп.

Иако низ медиумите се шират вести дека Барселона сака да го купи Жоао Кансело, но и да го доведе Бернардо Силва со исплата на клаузула од 50 милиони евра, Пеп сето тоа го демантираше.

„Не сме добиле понуда од Барселона за ниту еден играч. Ниту од некој друг клуб. Бернардо е феноменален играч, се надевам дека ќе остане во Сити. Што се однесува до Кансело, клубовите ќе разговараат, но ако нема договор, тој ќе врати се кај нас“, истакна Гвардиола.

Гвардиола, покрај Сити и Барселона, во својата кариера го водеше и Баерн Минхен.