Гвардиола во шок: Останува без Де Брујне во клучниот дел од сезоната

Де Брујне

Кевин Де Брујне одново ќе мора да прави долга пауза поради повреда. Болките во задната ложа ќе го натераат внимателно да му пристапи на процесот на заздравување.

Белгискиот фудбалер сигурно го пропушта дербито против Ливерпул на стартот од февруари. Исто така тој нема да биде дел од натпреварите со Челтенхам, ВБА, Шефилд Јунајтед, Барнли, Тотенхем, Борусија Менхенгладбах, Вест Хем и можеби Манчестер Јунајтед.

Офанзивецот се повреди на дуелот на домашен терен против Астон Вила. Тој излезе од игра и веднаш замина на прегледи кои ја утврдија сериозноста на повредата. Ова се ужасни вести за Пеп Гвардиола кој ќе мора да ја продолжи борбата во Премиер лигата без еден од своите своите најдобри фудбалери.

Илкај Гундоган, Фил Фоден и Бернардо Силва ќе треба да ја преземат неговата улога во клучниот период од сезоната.