Гвардиола: Важно е да завршиме на првото место, среќен сум што се враќам во Дортмунд

Пеп

Ерлинг Халанд ќе се врати во Дортмунд и вторпат ќе се надигрува со својата поранешна екипа. Манчестер Сити на оваа средба ќе игра за потврда на првата позиција на табелата во групата Г.

Пеп Гвардиола изјави дека е среќен што уште еднаш ќе може да води екипа на „Сигнал Идуна Парк“. Во минатото тоа го правеше додека беше дел од Баерн Минхен.

„Сите знаат за атмосферата во Дортмунд. Тоа е мотив да се игра таму. Среќен сум што ќе можам да се вратам на овој стадион уште еднаш. Знаеме дека ќе биде тежок меч. Тие играат одлична одбрана и контранапади. Веќе сме во осминафиналето, а тоа е најважно за нас. Мислам дека беше важно да завршиме на првото место во групата, во пресрет на Мундијалот“, изјави шпанскиот стратег.

Борусија Дортмунд имаше предност на првото соочување во Манчестер, но дозволи пресврт, кој беше потврден од страна на Халанд, за конечни 2-1 за својот нов тим.