• Иван Димовски
Манчестер Сити го победи Борнмут со 3-1 на „Итихад“, а по натпреварот видно незадоволен беше тренерот Пеп Гвардиола. Шпанецот не беше незадоволен од одиграното, туку од арбитражата, поточно од моментите пред голот за гостите.
Дејвид Брукс со рака му пречеше на Џанлуиџи Донарума, а судиите тоа не го окарактеризираа како фаул и важеше голот на Тајлер Адамс. Поради тоа Пеп се налути и остро критикуваше.
„Го прашав по натпреварот: „Кажете ми дали имаше прекршок? Само сакам да ја погледнете снимката“. Тука на „Итихад“ сите се храбри. Неверојатно е што досудија како гол. Сепак, тука сум веќе десет години и добро се познаваме. Задоволен сум од сè што постигнавме и покрај сè што се случуваше, така што позитивно е“, изјави Гвардиола.
Победата на Манчестер Сити му ја донесоа Ерлинг Халанд со два и Нико О'Рајли со еден погодок,










