Гвардиола тргнува по „незадоволната“ ѕвезда на Барселона

Бускец

И покрај сите рекорди и освоената титула во Премиер лигата, Пеп Гвардиола не се задоволува со моменталниот ростер, кој му донесе апсолутна доминација во англискиот фудбал. Шпанскиот тактичар посакува европска титула, а за да се избори за истата и самиот е свесен дека мора да одговори на спектакуларните трансфери на Реал Мадрид и Барселона, кои се огромни фаворити за сите трофеи секоја наредна година.

Стратегот на Манчестер Сити има неколку свои „миленици“ меѓу фудбалерите, а еден од нив е Серхио Бускетс, играчот за врска на каталонската екипа. Тие соработуваа за време на кариерата на Гвардиола на „Камп Ноу“, а во Шпанија шпекулираат дека тоа би можело да се случи и наредната сезона.

Шпанскиот репрезентативец изрази незадоволство од приходите во Барса, па побара зголемување на истите и најави заминување доколку не му биде исполнето барањето. Тоа би можел да го искористи Пеп, кому очајно му фали фудбалер како Бускетс во средниот ред на „граѓаните“.

Челниците на новиот англиски шампион не штедат кога се во прашање желбите на шпанскиот тренер, па нема да биде чудно ако бидат понудени милиони за фудбалерот на каталонскиот гигант.