Гвардиола: Тажен сум, си замина набрзиот и најподготвениот дефанзивец на Сити

Пеп Гвардиола во искрен разговор со англиските медиуми изјави дека е крајно разочаран што Кајл Вокер замина од Манчестер Сити и се пресели во редовите на италијанскиот гигант, Милан

Шпанскиот стратег зборуваше само со пофални зборови за својот доскорешен дефанзивец и рече дека од тимот заминал најдобриот и најподготвениот играч во последната линија. 

„Кајл самиот одлучи да замине. Не сакав да му стојам на патот, иако знам какви квалитети поседува. Си замина најсилниот, најбрзиот и најподготвениот играч во нашата одбрана.

Му реков дека ќе ми недостасува, но тој е професионалец и сакаше да ја промени средината. Навистина е тажно што се разделивме на ваков начин“, рече Гвардиола. 

34-годишниот Вокер се очекува да биде големо засилување за „росонерите'. Во Манчестер Сити играше од 2017 година, настапи на 212 натпревари и ги освои сите можни трофеи, вклучително и оној од Лигата на шампионите.  

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.