ВИДЕО: Гвардиола танцуваше во ритамот на Мадона за време на прославата на Сити

Гвардиола танц

Екипата на Манчестер Сити организира голема забава по повод големата сезона која што ја остави зад себе. Во истата освои три титули и втора година по ред стана шампион во Премиер лигата.

Меѓу најрасположените на забавата беше тренерот Пеп Гвардиола. Тој се опушти максимално и танцуваше како никогаш досега на хитот од Мадона, „Just Like A Prayer“.

Шпанецот беше дел од хор, пееше и играше, а на тоа сеир направија неговите фудбалери.