Гвардиола: Слатка победа во Мадрид, но далеку сме од врвот во ЛШ!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше задоволен од победата на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид (1-2), но по натпреварот испрати внимателна порака и рече дека тимот има голем простор за напредок. 

Гвардиола призна дека дуелот бил исклучително тежок и дека Реал Мадрид во првите моменти од натпреварот создал сериозни проблеми за Сити. Според него, клучно било стабилизирањето на играта во второто полувреме и зрелата реакција на неговите фудбалери.

„Овде никогаш не е лесно. Не игравме совршено, но покажавме карактер кога беше најважно. Победата на овој стадион секогаш носи тежина. Добро е што победивме, но не сме уште подготвени да ја освоиме Лигата на шампионите. Мораме уште да напредуваме. Верувам дека во февруари ќе бидеме подобар тим“, изјави Гвардиола. 

Шпанскиот стратег додаде дека е охрабрен од реакцијата на тимот, но дека Сити мора да ја задржи дисциплината и концентрацијата ако сака да оди до крај во елитното натпреварување.