Гвардиола: Се врати вистинскиот Фоден, горд сум на изданието против Дортмунд!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по натпреварот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите изјави дека е задоволен што се враќа одличната форма на Фил Фоден, за кого рече дека може да биде еден од предводниците на тимот. 

„Граѓаните“ победија со убедливи 4-1, а Фоден постигна два гола, со што потврди дека полека се враќа во препознатливиот ритам. 

„Одигравме одличен меч и задоволен сум од победата. Ерлинг постигна гол, тоа не е ништо ново за нас. Се радувам на формата на Фоден, тој се враќа во потребниот ритам и ќе ни биде од огромна помош сезонава.

Беше фантастичен, се надевам дека ќе продолжи вака и на следните натпревари. Имаме десет бода и оставаме подобар впечаток од минатата сезона.

Пред само два дена игравме против тежок противник како Борнмут, затоа се гордеам на ова издание“, рече шпанскиот стратег. 

Следен предизвик за Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе биде натпреварот против Баер Леверкузен на домашен терен. Овој дуел се игра после репрезентативната пауза.