Гвардиола пронајде талентиран напаѓач во српската Суперлига

Манчестер Сити будно следи неколку таленти на Балканот, а еден од нив е младиот напаѓач на Чукарички, Слободан Тедиќ.

19-годишникот го привлече вниманието на јавноста со својата игра минатата сезона. Тогаш на само осум натпревари импресионираше и постигна четири погодоци.

Тоа беше доволно за него да се заинтересираат големите европски клубови. Меѓу нив е и англискиот првак кој наводно одвоил три милиони евра. Во договорот подготвил и неколку клаузули кои од идни трансфери ќе донесат заработка за српскиот прволигаш.

Србинот до крајот на сезоната се очекува да остане во Белград, а дури налето да започне да преговара за својата иднина.