Гвардиола: Потрошивме голема сума за играчи зашто имаме многу пари

Манчестер Сити повторно потроши огромна сума на пари на трансфер-пазарот, а тоа се случува во екот на судските процеси против клубот поради малверзации и затајување данок. 

Иако „граѓаните“ имаат проблеми од правен аспект, тоа не ги спречи да издвојат околу 200 милиони евра за засилувања, а тренерот Пеп Гвардиола даде навистина интересна изјава со која уште повеќе ги заинтригира медиумите. 

„Во последните пет години ние бевме клубот кој трошеше многу помалку од останатите. Дури и после овој јануарски преоден рок трошевме помалку од Челзи, Јунајтед, Арсенал и Тотенхем. Продадовме многу играчи минативе години, мислам дека имавме пари за овие трансфери и тоа не треба да претставува никаков проблем. 

Да резимираме, потрошивме многу помалку од најголемите ривали, но успеавме да освоиме многу титули и донесовме радост за навивачите. Нема да навлегувам во разговори за судски процеси, тоа мене не ме интересира. Мојата работа е поврзана со други нешта“, рече Гвардиола. 

За потсетување, Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ги доведе Омар Мармуш, Абдукодир Хусанов, Виктор Реис и Нико Гонзалес.