Гвардиола по продолжението на договорот сака да ги блиндира првите две ѕвезди

Пеп Гвардиола го има најлошиот старт на една сезона откако влезе во тренерските води. Неговиот Манчестер Сити се наоѓа далеку од врвот на Премиер лигата, по поразот од Тотенхем на Жозе Мурињо.

Неодамна шпанскиот тренер потпиша нов договор до 2023 година. Долго време се шпекулираше околу неговата иднина, но на крај тој одлучи да остане и да ја продолжи мисијата во тимот од „Итихад“.

Налето би можел да добие екстра засилување во Лионел Меси, но претходно негова задача е да ги задржи првите ѕвезди на екипата. Тој итно побарал од управата да му ги продолжи соработките на Кевин Де Брујне и Рахим Стерлинг.

Тие двајца се најважни во проектот на „граѓаните“, кои се обидуваат да ја пренесат доминацијата од Англија во Европа. Цел на Гвардиола е да ја обезбеди првата титула во Лигата на шампионите во историјата на клубот.