Гвардиола откри што зборуваше со Зидан по мечот во Манчестер

Гвардиола Пеп

Пеп Гвардиола успеа да ја елиминира екипата на Реал Мадрид која под палката на Зинедин Зидан немаше загубено ниту еден нокаут двомеч.

Премиерлигашот победи на двата меча и покажа дека можеби оваа сезона е зрел за титула во Лигата на шампионите. По натпреварот двата тренери разговараа неколку минути, а денес предводникот на „граѓаните“ откри што си кажаа.

„Му честитав за титулата во Примера. Секогаш сум зборувал дека тој трофеј е најтежок, бидејќи мора да играте на високо ниво цели 11 месеци. Разговаравме за нашите фамилии и му посакав сè најдобро. Бевме ривали на теренот, но тоа е човек кој ми е фудбалски идол. Исто така професионалец каков што фудбалот треба да гледа често“ , раскажа Шпанецот.

Следен предизвик за Сити ќе биде екипата на Лион, која изненадувачки во осминафиналето до прескокна Јувентус.