Гвардиола откри како реагирал Меси кога на тренингот се појавил Серхио Бускетс

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во интервју за „FourFourTwo“ откри како реагирал Лионел Меси, кога на тренингот во Барселона се појавил Серхио Бускетс.

Шпанскиот репрезентативец мина низ академијата на Барселона, познатата „Ла Масија“, пред во 2008 година да дебитира за првиот тим на каталонскиот гигант.

Гвардиола во интервјуто открива:

Се сеќавам што ми кажа Меси. По два или три дена тренинг ми пријде и ми рече: „Ми се допаѓа момчето“, а потоа и дополни: „Кога ќе имаме проблеми, нека игра на средината на теренот, Бускетс работи за сите останати“.

30-годишниот играч од средината на теренот има важечки договор со тимот на Барселона до 2021 година, но се очекува истиот да биде продолжен со подобрени финансиски услови.