• Горан Упале
Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, по победата на неговиот тим над Црвена Звезда од 3-1 изјави дека најголемата одговорност што тимот не постигнува голови порано е кај напаѓачите.
Во првото полувреме Сити имаше дури 22 удари кон голот на српскиот шампион, но само во вториот дел го совлада Глејзер. Секако, Гвардиола по натпреварот зборуваше и за тоа што им рекол на играчите на полувремето од мечот со српскиот тим.
„Им го кажав ова: „Момци, не можеме да кажеме дека играме лошо. Заборавете на резултатот, можеме да го свртиме, ајде, одиме по него, само треба да бидете малку посмирени. Им реков да продолжат да играат така и да создаваат шанси, и дека ги сакам. Мора да постигнуваме голови и во првото полувреме. За тоа одговорни се напаѓачите“, рече Пеп.
Пресвртот на „граѓаните“ го донесоа Алварез со два гола и Родри. За Црвена Звезда, пак, стрелаше Букари во финишот од првиот дел.