Гвардиола остана без уште еден првотимец за клучниот меч со Барнли

Откако стана јасно дека Пеп Гвардиола остана без услугите на Родри, сега Манчестер Сити се соочува со уште еден проблем пред можеби клучниот натпревар во Премиер лигата. 

„Граѓаните“ гостуваат кај Барнли и со победа ќе се израмнат со Арсенал на врвот на табелата, но ќе патуваат и без Рубен Диас, кој уште не заздрави од повредата на мускулот, иако се очекуваше дека би можел да биде во комбинација за настап. Ова е уште еден голем удар за шпанскиот стратег, но Сити има доволно силен ростер за да ги освои трите бода, иако мисијата нема да биде лесна. 

„За жал, Диас уште не заздрави, а ќе го немаме и Родри. Сакам да верувам дека сме доволно силни и мотивирани за победа над Барнли, но ќе мора добро да се потрудиме на теренот. Ова е натпревар по кој можеме да се израмниме со Арсенал. Ќе се бориме до самиот крај“, изјави Гвардиола. 

Натпреварот меѓу Барнли и Манчестер Сити се игра на 22 април во 21:00 часот. До крајот на сезоната во Премиер лигата остануваат уште пет кола.