Гвардиола не може без него: Компани се враќа во Манчестер Сити?

По само една година пауза, поранешниот капитен и легенда на клубот, Винсент Компани би можел да се врати во редовите на Манчестер Сити.

Белгискиот дефанзивец долги години беше незаменлив во последната линија на „граѓаните“, но по завршувањето на минатата сезона се реши за нов предизвик и премина во својот матичен клуб Андерлехт, каде беше прв тренер и играч. 

Но, според британските медиуми Компани е во дилема, затоа што на маса има понуда за враќање во „Итихад“, но не како играч, туку како прв асистент на менаџерот Пеп Гвардиола. 

Поранешниот капитен на Сити треба да биде замената за Микел Артета кој на крајот од ланската година го напушти Манчестер и застана на чело на Арсенал.