Гвардиола: Не ме изненадија поразите на Реал и Барса

Пеп

Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер Сити загубија на последниот настап во Лигата на шампионите против ПСЖ.

Во изминатото коло се случија неколку изненадувања. Реал Мадрид загуби од Шериф, а Бенфика ја декласира Барселона, резултати кои не се сензационални за шпанскиот тренер.

„Не сум изненаден од резултатите во Лигата на шампионите. Играм во ова натпреварување дванаесет години и свесен сум дека се подигна нивото на сите учесници. Секоја средба може да биде опасност, дури и за најголемите фаворити.

Затоа, кога ќе се квалификувате во нокаут фазата, треба да славите. Кога победувате на натпревар во групната фаза, мора да се радувате идентично...“, смета Пеп.

Сити за време на викендот игра дерби против Ливерпул. Тоа ќе биде дуел на првите две екипи на табелата во Премиер лигата.