• Саше Љолес
Пеп Гвардиола важи за прилично строг и безмислосен тренер, а неретко знае и да „отпише“ некои фудбалери од својот тим, без оглед на нивниот учинок и залагање на теренот.
Во англиската јавност повторно привлече внимание случајот со Калвин Филипс, кој беше играч на Манчестер Сити, но Гвардиола го „избриша“ од тимот веднаш по завршувањето на Светското првенство Катар и во една прилика изјави дека „играчот има проблеми со тежината и е многу дебел“.
Потоа следуваше комплетно отстранување од првиот тим, но и навивачите го земаа Филипс „на пик“ и го навредуваа скоро на секој натпревар. Играчот за кој беа платени 49 милиони фунти на Лидс беше буквално избркан од екипата, по што се случи и неговиот пад во кариерата. Интересно е што Гвардиола ретко се извинува за своите постапки, но овој пат призна дека погрешил со изјавата и побара прошка од Филипс.
„Да, признавам дека погрешив и не требаше да ја дадам таа изјава. Навистина многу му се извинувам на Калвин. Тој во неколку изјави кажуваше дека не зборувал со мене, но ние разговаравме неколку пати и му ги предочив недостатоците во тој момент. Никогаш во јавноста не сум кажал нешто, а да не било дискутирано претходно кај нас. Јас не сум таков човек и се надевам дека Калвин нема да ме памети по лошо“, изјави шпанскиот стратег.
Откако замина од таборот на „граѓаните“, Калвин Филипс замина на позајмица во Вест Хем, но сезонава одигра само четири натпревари во дресот на „чеканите“. 28-годишниот играч од средниот ред сѐ уште е под договор со Манчестер Сити, но јасно е дека повеќе нема да добие шанса кај актуелниот европски шампион.