Гвардиола: Мислам дека не би тренирал друг англиски клуб во кариерата

Гвардиола

Пеп Гвардиола сака да остане во Манчестер Сити, но вели дека неговиот договор зависи од желбите на улравата на клубот.

Во неговите мисли е само тимот од „Итихад“. Шпанскиот стратег не би прифатил да води друга екипа во Англија.

„Кога сум тука во Англија, секогаш ќе работам како менаџер на Манчестер Сити. Доколку управата сака да продолжам, јас ќе го прифатам тоа. Ако некогаш заминам, понуда да се вратам тука не мислам дека би ја одбил. Верувам дека нема да тренирам друг клуб во Англија, освен Манчестер Сити“, изјави трофејниот тренер.

Она што му недостастува на Гвардиола во Сити е титула во Лигата на шампионите. Лани беше многу блиску, но беше сопрен на последната пречка наречена Челзи.

50-годишникот работи во Манчестер од 2016 година. Досега има освоено три титули во Премиер лигата, една во ФА Купот, четири во Лига Купот и еден трофеј во Комјунити Шилд натпреварот.