Гвардиола им одговори на Евра и Бербатов: Јас ги уништив во двете финалиња!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола одговори на критиките на поранешните играчи на градскиот ривал Јунајтед, кои се сомневаа во карактерот на сегашниот тим на „граѓаните“.

Двете убедливи победи од 5-0 и 5-1 против Њукасл и Вулверхемптон, само неколку дена по болната елиминација од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, му дадоа можност на Пеп Гвардиола да им одговори на Димитар Бербатов и Патрис Евра.

Бербатов беше особено критичен по поразот од Реал, кој рече дека двата примени гола за две минути во Мадрид потврдиле дека Сити е „мал тим“, односно дека тимот на Гвардиола нема карактер, бидејќи Шпанецот „не може да тренира играчи кои имаат карактер“.

„Па, не го видов тој човек со нив, кога ги уништивме во двете финалиња во Лигата на шампионите“, им одговараше Гвардиола по победата над „волците“.

Евра и Бербатов беа дел од тимот на Манчестер Јунајтед кој двапати загуби од Гвардиола и Барселона во финалето на Лигата на шампионите во 2009 и 2011 година.