Гвардиола и Сити не се плашат од ФИФА и повторно ќе трошат милиони на четири засилувања

Старо-новиот англиски првак Манчестер Сити планира повторно да потроши над 200 милиони евра со цел да го „освежи“ шампионскиот ростер.

Пеп Гвардиола ги вперил очите во четворица фудбалери. Од нив еден е дефанзивец, двајца се креативци и еден е напаѓач.

Како и половина Европа, „граѓаните“ ќе испратат понуда за Матијас де Лихт од Ајакс. Младиот и надежен фудбалер покажа одлични лидерски способности во тековната сезона и го привлече вниманието на големите екипи.

Следен на листата е Родри, 22-годишникот кој е дел од Атлетико Мадрид. Тој би требало да биде замената за Мангала, Делф и Отаменди кои најверојатно ќе го напуштат „Итихад“ ова лето.

Шопингот се планира да продолжи во Лион и неговиот талент, Хусем Оуар, а ќе заврши со Лука Јовиќ, српската напаѓачка сензација од редовите на Ајнтрахт Франкфурт.

Со овие четири имиња Гвардиола ќе се обиде да донесе уште поголеми успеси за Сити во наредната сезона.