Гвардиола и Овермарс во иднина ќе соработуваат во Италија!?

Гвардиола

Лошата ситуација на Милан би се исправила со соодветен тренер и спортски директор, пишуваат италијанските медиуми.

Финансиските проблеми не претставуваат проблем за клубот да има високи амбиции. Сепак, за да се врати на старите патеки, потребни се докажани фудбалски работници со искуство и успех позарди својата работа.

„Мундо Депортиво“ открива дека газдите на „росонерите“ сонуваат во своите редови да го доведат Пеп Гвардиола. Покрај него, на функцијата спортски директор би сакале да го ангажираат Марк Овермарс, кој одлично си ја извршува работата во Ајакс.

Прашање е само колкави ќе бидат гаранциите за овие двајца да се убедат да се преселат во Милано. Шпанскиот тренер сигурно ќе сака тим кој ќе се бори за титули, а пречката кај поранешниот холандски репрезентативец е неговиот тековниот договор со „копјаниците“, кој истекува дури во 2024 година.

Расплетот изгледа нереално, но во иднина работите можеби ќе се променат...