Гвардиола го победи Клоп и ја собра наградата за најдобар тренер во ПЛ

Пеп Гвардиола ПЛ

Втора сезона по ред, Манчестер Сити се радува на шампионскиот трофеј во Премиер лигата.

Големата борба со Ливерпул на крај им припадна на „граѓаните“ кои стигнаа до втората титула во низа, четврта во својата историја, со само еден бод предност на табелата.

Истата беше обезбедена со високата гостинска победа од 1-4 кај Брајтон во последното коло од сезоната.

Тоа на Пеп Гвардиола му ја донесе втората последователна награда „тренер на година“. Шпанецот го повтори успехот на Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо и стана трет тренер на кој што му успеало да ја одбрани титулата во англиското првенство.

Во конкуренција за оваа престижна награда беа уште и Јирген Клоп, Маурицио Почетино и Нуно Еспирито Санто.