Гвардиола ги издвои своите фаворити за освојување на Европското првенство

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одговори на прашањето кои селекции ги смета за фаворити на претстојното Европско првенство во Германија.

Тој се осврна на селекциите од земјите каде што работел, а баш ним им ја дава фаворитската улога. 

„Мои фаворити се Германија и Шпанија. Англичаните се сè поблиску до конечна победа. Време е и тие да го направат тој чекор. Имаат многу добра генерација во средниот ред и нападот. Живеам во оваа земја, па ме интересира како ќе се претстави овој тим“, изјави Гвардиола.

Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули, а во воведниот натпревар ќе играат домаќинот Германија и Шкотска.