Гвардиола е избран за менаџер на сезоната во Премиер, за многумина тоа е неправда! 

Пеп Гвардиола е прогласен за менаџер на годината во Премиер лигата од страна на Здружението на менаџери на лигата (ЛМА), откако го предводеше Манчестер Сити до нова титула во англиската елита.

Гвардиола го одведе Сити до нивната петта лига круна во шест сезони, а клубот допрва треба да игра во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед в сабота и финалето во Лигата на шампионите против Интер една недела подоцна.

„Јас сум во неверојатен фудбалски клуб и без сета поддршка што ја имав за време на мојот престој овде, ова не би било можно“, изјави Гвардиола.

Конкуренција на Гвардиола за наградата беа Микел Артета од Арсенал, Роберто де Зерби од Брајтон, Еди Хау од Њукасл Јунајтед, Винсент Компани од Барнли и Стивен Шумахер од Плимут. 

Многу фанови на англискиот фудбал сметаат дека оваа награда требаше да заврши во северна Англија, односно во рацете на Еди Хау, кој сезонава со Њукасл забележа одлични резултати и по долго време го врати тимот во Лигата на шампионите.