• Горан Упале
Само еден бод освои Манчестер Сити на домашен терен на отворањето на Лигата на шампионите. Против Интер одигра 0-0, а домашниот тренер Пеп Гвардиола одржа интересна прес-конференција.
„Денес против Интер одигравме многу подобро отколку во финалето на Лигата на шампионите минатата година“, рече тој, потсетувајќи се на мечот во кој „граѓаните“ ја освоија првата европска титула на Сити.
На прашањето што особено му се допаѓа во играта на неговиот тим против Интер, тој одговори:
„Сè, апсолутно сè! Игравме толку добро. Го сакам мојот тим! Ние сме одлична екипа"
Запрашан да коментира за правењето две замени на полувремето втор натпревар по ред, тој одново даде интересен одговор:
„Тоа е нова верзија на Пеп. Истото ќе го направам и против Арсенал“, заврши Каталонецот.
Сити в недела го чека уште еден сериозен предизвик и дерби во Премиер лигата против Арсенал.