ФОТО: Гужви пред „Олд Трафорд“ - фановите го чекаат враќањето на Роналдо!

Манчестер Јунајтед против Њукасл ќе ги продолжи настапите во Премиер лигата, а овој дуел на „Олд Трафорд“ ќе биде одбележан по враќањето на Кристијано Роналдо во редовите на „црвените ѓаволи“.

Еуфоријата во градот расте, низ улиците може да се чуе само „VIVA Ronaldo“, додека најверните фанови уште од раните утрински часови се упатија кон легендарниот стадион, со цел да фатат подобро место за пречекот на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Наскоро ќе се дознае дали Роналдо ќе биде во стартиот состав на Јунајтед за овој меч, а судејќи по последната изјава на Оле Гунер Солскјер, фановите веруваат дека Португалецот ќе биде предводник на нападот против „страчките“.