ВИДЕО: Гурузета го „реши“ Ваљадолид, Џирона по пресврт му нанесе нов пораз на Елче

Екипата на Атлетик Билбао им се врати на победите во домашниот шампионат, откако пред својата публика славеше над Ваљадолид со 3-0 (1-0) и се врати на местата кои што идната сезона водат во Лигата на шампионите. 

Баскијскиот тим подолго време игра променливо во Примера, а вечерашниот триумф доаѓа по болниот пораз од Џирона во претходното коло (2-1). Херој на тимот од „Сан Мамеш“ беше 26-годишниот шпански офанзвиец Горка Гурузета Родригез, кој беше творец на два гола, а во листата на стрелците се запиша и Вилиан. 

  • Атлетико Мадрид - Ваљадолид 3-0:

Гурузета првиот гол го постигна по само 19 минути игра, додека за 2-0 се потруди на стартот од вториот дел. Конечните 3-0 Вилиан ги постигна на тринаесет минути до крајот на натпреварот. Со овој пораз Ваљадолид остана на десеттата позиција на табелата со 17 бода.

  • Елче - Џирона 1-4: 

На првиот денешен натпревар од 14. коло во Примера, Џирона ја продолжи позитивната серија и во впиша вториот триумф во низа, по споменатиот над Атлетик Билбао. Вечерва пред разиграните момци на Мичел падна тимот на Елче, кој иако прв стигна до водство, сепак на крај остана со празни раце (1-2). Головите за победничката екипа ги постигна Мартин и Кастеланос, додека Лирола погоди за домаќините.

Во следното коло Џирона победничката серија ќе проба да ја продолжи против Рајо Ваљекано, а противник на „фенерџијата“ Елче ќе биде Атлетико Мадрид.

Состави

Ernesto Valverde

4-1-4-1

    Pacheta

    4-4-2