ВИДЕО: Мбапе пак промаши пенал, Реал падна на „Сан Мамеш“ после скоро цела деценија

Екипата на Реал Мадрид потклекна пред незгодниот Атлетик Билбао и загуби со конечни 2-1 (0-0) од баскискиот тим во натпреварот од 19. коло на шпанската Примера. 

  • Извештај од натпреварот:

Првото полувреме понуди тврда игра без погодоци, а вистинските возбудувања пристигнаа во вторите 45 минути. Алекс Беренгуер донесе водство за домаќините во 53. минута, а Килиан Мбапе одново беше трагичар и не реализираше пенал петнаесет минути подоцна. 

Реал се созема од шокот и успеа да израмни на 1-1 преку Џуд Белингем во 78. минута, но Баскијците веднаш ја вратија предноста со голот на Горка Гурузета, кој биеше само две минути по голот на гостите. Билбао беше подобар ривал и заслужено ги освои бодовите, додека „кралевите“ повторно направија чекор наназад во однос на водечката Барселона. 

Мадриѓаните загубија на „Сан Мамеш“ после скоро десет години, а Билбао се зацврстува на четвртото место на табелата и сега има вкупно 29 бодови.